Македонско правосудство: ДУИ го условува изборот на нови обвинители со изборот на роднината на Ахмети, Арсим Адеми

t

За два дена Советот на јавни обвинители уште еднаш ќе се обиде да избере пет обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал по конкурсот распишан уште лани на 15 ноември. Минатиот четврток немаше кворум за избор. МКД.мк дознава дека се работи за класично условување од страна на ДУИ за избор на обвинителот од Гостивар Арсим Адеми, против кого Државната комисија за спречување на корупцијата има неколку постапки, пренесува МКД.мк.

За петте испразнети места во ОЈО ГОК се пријавија 10 обвинители, од кои петмина се обвинителите на кои им истече мандатот: Ивана Трајчева, Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Сузана Мирческа–Кузмановска и Енѓулуше Кадриу–Леши. а останатите петмина кои конкурираа се Златко Биковски, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова, Имран Османи и Арсим Адеми.

Како што дознаваме, Советот на јавни обвинители има најголем проблем со кандидатурата на Арсим Адеми, за која ДУИ дала налог дека мора да пројде. Не случајно тој е ставен прв на листата за избор, па ако помине ќе може да се продолжи приемот и на другите. А дел од членовите на Советот на јавни обвинители, како што дознаваме, веќе се изјасниле дека ќе гласаат против изборот на Адеми. Претседателот на Советот Антонио Јолевски во изјава за медиуми отфрла какви било политички притисоци.

Извор: МКД.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…