Објавено на:

(Видео) Исчезна руска суперјахта

t

Луксузната јахта на рускиот милијардер Вагит Алекперов, „Галактика Супер Нова“ (The Galactica Super Nova), исчезнала од радарот, покажуваат податоците на веб-страницата „Марин трафик“.

Бродот во сопственст на газдата на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ минатата недела бил во Порто Монтенегро во близина на Тиват во Црна Гора, но според официјалните податоци испловил од црногорската марина, објави РТВ „Будва“.

Набргу откако јахтата ја напуштила црногорската марина, автоматскиот систем за следење на јахтата, познат и како АИС, престанал да испраќа сигнали, пишуваат „Марин трафик“ и слични сајтови како „Весел фајндер“ и „Весел валју“.

Медиумите коментираат дека луксузната јахта на рускиот милијардер „мистериозно исчезнала“ токму во моментот кога ширум Европа беа запленувани јахтите на голем број руски олигарси.

Според „Супер јахт“, оваа јахта има базен со стаклено дно од шест метри, какои водопад, хелиодром, лифт и голем ноќен клуб. Долга е околу 70 метри и може да прими 28 луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стејт департмент: Не е точно дека Ескобар…

Американскиот Стејт департмент ги отфрли обвинувањата дека…

Галант: Израел нема избор, мора да почне…

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант синоќа…

Си денеска на средби со Макрон и…

Париз – Кинескиот претседател Си Џинпинг во…

Руската војска започнува со вежби за употреба…

Генералштабот на Русија ги започна подготовките за…

Тешка несреќа на патот Штип-Кочани, едно лице…

Триесет и девет годишен возач загина во…