Истрага за пронајден хероин во автомобил на автопатот Скопје-Велес

t

Кумановец на возраст од 34 години е осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, додека 37-годишна жителка на Свети Николе е под истрага бидејќи му помогнала при изршувањето на кривичното дело.

Основното јавно обвинителство Велес донeсе Наредба за спроведување истражна постапка против двете лица откако на 15 март, на автопатот Скопје-Велес, наплатна рампа Сопот, полициски службеници откриле 33,82 грама наркотична дрога хероин која првоосомничениот ја држел во просторот за ракофат до возачкото седиште на автомобил „Рено меган“ со штипски регистарски ознаки. Второсомничената со умисла му помогнала така што му го ставила на располагање автомобилот кој бил во формална сопственост на нејзината тетка. Со автомобилот двајцата се упатиле по автопатот, но биле запрени од полициските службеници, при што дрогата била откриена и одземена.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека првоосомничениот, доколку биде на слобода, ќе се даде во бегство, ќе го попречува водењето на кривичната постапка со влијание врз помагачот и дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител достави предлог да биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР во комуникација со семејството на момчето…

Министерството за надворешни работи информира дека до…

(Видео) Резил: Руте го нарече Трамп „тато“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП…

Дводневниот самит во Хаг го покажаа вистинското…

Шекеринска: Без дијалог Белград–Приштина, нема напредок кон…

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во…

За британската гаранција, азилантите, кредитот за брзата…

Шансите Македонија да добие комерцијален кредит со…