Објавено на:

Речиси еден милион резервисти добија писмо од државата: Финска им додели улоги во случај на војна

t

Финска дели 1.335 километри долга граница со Русија – најдолгата од која било европска земја, освен Украина. По руската анексија на Крим и инвазијата на источна Украина, Финска би можела да биде ранлива на каква било понатамошна агресија

Финска испрати писма до речиси еден милион воени резервисти, во кои ги наведува нивните улоги „во случај на војна“ како реакција на зголемената тензија со соседна Русија.

Писмата се испратени до 900.000 поранешни регрути во вооружените сили, вклучително и Финци кои живеат во странство.

Првите беа испратени претходно овој месец, а последната серија беше дистрибуирана во изминатите неколку дена.

Писмото им кажува на резервистите во кој полк или единица треба да се пријават во случај на воени дејствија. „Во прилог ќе ги најдете вашите лични податоци, како и вашата улога во случај на војна“, се вели во него.

Еден фински резервист, кој го примил писмото, рече: „Тајмингот не беше случаен. Тоа очигледно се должи на поагресивниот став на Русите. Во резервите сум 15 години и првпат добивам вакво нешто. Тие праќаат вакви писма многу ретко“.

Војската на Финска има 16.000 војници, но би можела да се зголеми на 285.000 доколку се повикаат резерви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…