(Видео) Голема акција на полицијата: Запленети дрога и муниција, приведени над 20 улични дилери во повеќе градови

t

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи денеска (25.03.2022) во соработка со единиците за недозволена трговија со дрога и оружје на подрачјата на сите сектори и одделенија за внатрешни работи во државата презеде координирани активности за сузбивање на продажба на наркотична дрога, улично дилерство на наркотични и синтетички дроги и недозволена трговија со огнено оружје.

Од 05.00 часот на територија на Република Македонија беа извршени претреси во домови и други простории на над 20 локации (пет во СВР Тетово, по две на подрачјата на ОВР Гевгелија и ОВР Кичево, по една во СВР Скопје, СВР Куманово, СВР Струмица, СВР Штип, ОВР Струга, ОВР Пробиштип, ОВР Берово, ОВР Свети Николе, СВР Битола, ОВР Гостивар, ОВР Неготино и ОВР Кавадарци), при што беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, стебла канабис, 22 пакувања со хероин, амфетамин, прашкаста материја, грутчеста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја, парични средства, две дробилки, три ваги, 29 куршуми од кои 25 со калибар 7,62 х 39 мм и четири куршуми со калибар 38 специјал, а како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска, на подрачјето на ОВР Гевгелија беше пронајдена и импровизирана лабораторија за производство на канабис.

Во текот на акцијата се приведени над 20 лица, против кои по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…

Во рамките на апелот на Црвениот крст…

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…

На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани

Вчера во 5:30 часот на граничен премин…