Лоша вест како за понеделник: Горивата повторно поскапуваат од полноќ!

t

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22% во однос на одлуката од 25.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит,

малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,140 ден/кг и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 84,00 ден/лит, додека на Мазутот М-1 НС изнесува 57,347 ден/кг.

Од 29.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 87,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 84,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 57,347 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,788% или за 19,150 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 2,412% или за 28,700 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,184 % или за 24,450 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,268% или за 16,200 $/тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0533 ден/$ и е за околу 0,133 % повисок од курсот на доларот (55,9790 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…