Болна работа! – Гледал и поседувал детска порнографија, видеа од полови дејства со деца споделувал во „Јавна соба“

t

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 22 години за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

На обвинетиот му се става на товар дека во месец јануари 2021 година, преку сопствениот мобилен телефон, набавил и поседувал видео снимки со детска порнографија.

Користејќи ја мобилната апликација Телеграм инсталирана на мобилниот телефон, со сопствен кориснички профил, се приклучил во групата Јавна соба со намера да прегледува фотографии и снимки со експлицитна содржина.

На телефонот презел повеќе фотографии и видео снимки со експлицитна содржина, меѓу кои и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу жена и дете на возраст под 10 години, како и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу деца – момче и девојче на возраст под 18 години.

Таквите видео снимки ги зачувал во својот мобилен телефон што е утврдено од извршената форензичка анализа на телефонот.

Заради обезбедување на присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител достави и предлог да продолжат мекрите на претпазливост кои му беа веќе определени на обвинетиот во текот на истражната постапка.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…