Професор на богословиe: Во пописот има статистичка грешка од 250 илјади христијани!

t

Најголемата потешкотија при изведувањето на еден факултетски испит не се погрешните одговори на студентите, туку – погрешните прашања на професорите. Истото правило важи и кога се изведува – попис.

Што е спорното? Ако меѓу опциите се набројани сите присутни христијански вероисповеди (православни, католици, протестанти, адвентисти, баптисти, евангелисти, евангелисти-методисти, реформисти, јеховини сведоци и евангелско-протестантски христијанин), тогаш погреншно е да стои општото име „христијанин“ како опција. Едноставно, доколку се постапи така се мешаат вероисповеданијата и религиите. Тоа предизвикува забуна – затоа што луѓе мислат дека треба да се наведе општата религиска припадност, а не конкретното вероисповедание. Исто така, опцијата „христијанин“ не соодветствува на списокот на регистрирани верски заедници – бидејќи не постои верска заедница или религиозна група регистрирана под такво име.

Како би можело правилно да се формулира прашањето? Има три опции:
1. Припадност кон религија (христијанство, ислам, јудаизам, хиндуизам, будизам итн.), без опција за вероисповед. Ваквата опција е правилна, но не дава комплетна статистичка информација;
2. Припадност кон вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам, харе-кришна итн.);
3. Припадност кон регистрирана верска заедница или религиозна група (како што стојат во регистарот на КОВЗРГ).

Го имам предвид можниот приговор дека има луѓе што се сметаат дека се христијани, но не се чувствуваат како припадници на конкретна вероисповед. Некој ќе рече дека точката „христијани“ се однесува на нив и дека не е погрешно. Напротив, погрешно е, и тоа по две основи. Прво, чисто логички не може општ назив да служи како определба на некоја посебна карактеристика. Неприпадноста кон вероисповед е посебна карактеристика и не може да се изрази преку општото име. Второ, неприпадноста кон вероисповед како конкретна определба треба се дефинира јасно и недвосмислено со формулација од типот „неконфесионален христијанин“, или описно како „христијанин кој не се идентификува со некоја вероисповед“.

Со овој пропуст се јавува статистичка грешка од 242 579 граѓани односно неверојатни 13,4% од вкупниот број попишани граѓани или приближно 22% од вкупниот број попишани припадници на христијанската религија. Грешка од ваков размер не може да се оправда по ниту една основа, пишува на Фејсбук професорот на богословскиот факултет Св. Климент Охридски – Скопје, Милан Ѓорѓевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си Џинпинг во Париз: Врските на Кин…

Врските меѓу Кин и Франција се пример…

Групацијата за осигурување во вторник носи одлука…

Ќе останат ли 10.000 граѓани со покуси…

Почина актерот познат по улогите во „Титаник“…

Актерот Бернард Хил, кој глумеше во филмовите…

Малолетничка избегала од дома, нејзиниот татко се…

На 04.05.2024 во 22:30 часот во Полициското…

Агим Красниќи уапсен во Косово

Косовската полиција уапсила четворица македонски државјани, меѓу…