Од денес минималната плата е 18 илјади денари

t

Од денес, 80.000 вработени, наши сограѓани, работници во различни дејности и индустрии, земаат 18.000 денари минимална плата според последните законски измени и дополнувања за раст на минималната плата од март годинава, порачаа од Владата на Република Македонија.

„Владата на Република Македонија во дијалог со бизнис заедницата, синдикатите и сите засегнати страни во изминатиот период постигна договор за зголемување на најниските плати, а утврдена е и методологија со која истата континуирано ќе расте. Дефинирано е дека висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата. Ова значи дека растот на минималната плата во иднина ќе биде возможен без дополнителни интервенции и очекуваме многу брзо, таа да ја надмине и сегашната договорена сума. Дополнително, државата ќе го субвенционира делот врзан за придонеси, со што се олеснува процесот, за сите засегнати страни“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа: Неприфатливо е Израел да ја…

Израел и Хамас би требало да ги…

(Видео) Нов инцидент со авион на Боинг,…

Товарен авион на „Боинг Федекс ерлајнс“ слета…

Захарова: Француските сили во Украина би биле…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи…

44-годишна жена од валандовско смртно прегазена околу…

44-годишна жена од Јосифово, валандовско била прегазена…

Популарноста на Америка опаѓа во светот, а…

Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа…