Објавено на:

Орбан: Нема да можеме да го замениме рускиот гас, ако се затворат вентилите толку…

t

Течниот природен гас (LNG) од САД нема да може да го замени поевтиниот гас од Русија за Европа. Oва го изјави и унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за унгарското радио „Kосут“. „Нема да може да се замени евтиниот руски гас со скап американски гас“, подвлекува Орбан, додавајќи дека овие предлози ги смета за апсурдни „и погубни за националната економија. За унгарскиот премиер, всушност, нема алтернатива за испораките на гас од Русија за Европа, особено за Унгарија, во блиска иднина.

Орбан потсети дека има земји кои, поради нивната географска положба и особеностите на економскиот развој, не можат да одбијат да увезуваат руска нафта и гас, само затоа што немаат пристап до морето и терминалите за примање ЛНГ или друг странски гас преку цевководи. „Не станува збор за носење џемпер навечер и за малку намалување на топлината во домот или за плаќање неколку дополнителни форинти за бензин. Факт е дека ако снабдувањето со енергија не доаѓа од Русија, тогаш нема да има енергија во Унгарија“, додава Орбан. 85% од потрошениот гас во Унгарија доаѓа од Русија, а исто така 64% од нафтата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека…

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска се сретна…

Комеморации во Србија за жртвите на ланското…

Пред една година, доцна во ноќта, 21-годишниот…

Престрелка среде Солун- тројца од возило во…

Според грчките медиуми, ликвидиран е Грузиец, кој…

Џафери: Ќе ги отстраниме предрасудите дека Албанците…

Кандидатот за пратеник во шестата изборна единица…