Трифун Костовски од инает кон СДСМ и ДУИ одбил да се попише!
Бизнисменот Трифун Костовски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 денеска рече дека одбил да се попише затоа што не ја подржува власта на СДСМ и ДУИ и додаде дека е подготвен да плати казна.
– На сила се истурка пописот, дебатирајќи со желби на одредени политички субјекти. Објективно статистиката е наука и служи за економски развој. Ова што се случи кај нас беше со етнички предзнак. Само СДСМ и ДУИ се задоволни. Јас не го поддржав и затоа не се попишав. Едноставно барам меѓу политичките субјекти да има консензус околу тие работи. Нека ме казнат нека повелат, не се чувствував одговорен да излезам, изјави поранешниот градоначалник.
Костовски додаде дека на резултатите од националниот попис не треба да им се придава големо значење во јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах не знаел дека купува пејџери од…
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…
74-годишна жена од Охрид заврши во болница…
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…
Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…
Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…
ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…
20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…
20-годишен возач е тешко повреден откако со…