Објавено на:

Германски генерал: Украина ќе биде поделена на неколку држави

t

Не постои сценарио според кое НАТО би испратил свои сили во Украина, порача генералот на германската војска Еберхарт Зорн. Тој за весникот Велт одговори на прашањето дали НАТО би можело да се вмеша во Украина доколку Русија употреби оружје за масовно уништување против источноевропската земја.

Истакна дека „она што го кажаа германскиот сојузен канцелар, како и претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден“ сè уште важи, односно дека „под никакви околности нема да распоредиме свои трупи на украинска територија“.

Германскиот генерал кажа дека планирањето на руската воена операција во Украина било погрешно, бидејќи командантите направиле некои големи логистички грешки.

Зорн предвиде и дека конфликтот во Украина сè повеќе ќе се префрла во борба во герилски стил. Таквиот развој на настаните, меѓутоа, би значел повеќе жртви, смета тој.

На прашањето дали Украина има шанси против Русија, Зорн одбил да шпекулира за исходот на војната. Единственото нешто што веројатно ќе се случи, според германскиот генерал, е поделба на Украина на неколку држави.

Зборувајќи за германските оружени сили, Зорн истакна дека канцеларот Олаф Шолц издвои 100 милијарди евра за модернизација на Бундесверот.

Тој укажа и на потребата од систем за противвоздушна одбрана кој би можел ефикасно да ја заштити земјата од руските проектили „искандер“ стационирани во Калининградската област.

Развој на таков систем, меѓутоа, би ѝ одзел на Германија премногу време и ресурси, призна генералот, додавајќи дека поддржува купување готови системи од САД или Израел.

Зорн кажа дека „во овој момент не гледаме никакви назнаки на руски напад на земји членки на НАТО“, па затоа воениот блок има време да ги „прошири своите капацитети и да го зајакне источното крило“.

Генералот откри дека НАТО би можел „до крајот на мај да распореди борбени групи во сите земји од Балтичко Море сè до Црно Море“.

Германија исто така очекува во 2025 година НАТО да обезбеди целосно моторизирана дивизија составена од 15.000 припадници „обучени, опремени и спремни за акција“, кажа Зорн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…

Гордана Силјановска ќе ја почитува „Северна“ и…

Не планирам да ги тргам таблите со…

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…