(Видео) Ковачевски на промоција на фотоволтаиците кои се запалија

t

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, заедно со претставници од Владата, првиот вицепремиер и министри, и генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, денеска присуствуваа на завршувањето на градбата на фотоволтаичната електрана „Осломеј“, каде започна тест период на целосно монтираната опрема.

Во продолжение Ви ја праќаме изјавата на премиерот Ковачевски во целост:

„Целта на Владата заедно со институциите и партнерите е да станеме земја која од европски доминантно застапените фосилни енергенси, се насочува кон енергетски капацитети кои ќе го користат сонцето што го имаме во изобилство во текот на целата година, како и ветерот, водата и гасот.

Затоа со задоволство ја прифатив поканата, денеска да присуствувам на отпочнувањето на тест периодот на монтираната опрема на фотонапонска електрана од 10 мегавати во сопственост на ЕСМ, изградена на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“.

Навистина е за почит што токму на ова место кое е некогашен загадувач на животната средина, веќе имаме капацитет кој е подготвен од сончева, да произведува чиста и зелена енергија.

Придобивките од оваа инвестиција се повеќекратни. Освен што со годишното производство од оваа нова фотоволтаична електрана од 15 до 17 гигават-часови ќе ги снабдиме потребите на околу 2.800 домаќинства со електрична енергија, правиме и ре-култивација и оплеменување на 15 хектари површина. Со ова како Влада, покажуваме вистинска грижа за заштита на животната средина.

Овој проект е од огромна важност, бидејќи е прв проект со кој се заменува производството на електрична енергија од загадувачка во чиста технологија. Истиот е пример за одлично спроведен проект во целиот регион на Југоисточна Европа, и како таков е пример и за идните проекти за енергетска транзиција во земјите на Западен Балкан.

Токму поради тоа овој проект е реализиран со кредитна поддршка од Европската банка за обнова и развој која ги препозна заложбите на државата да се насочи кон производство на енергија од обновливи извори.

Пред да пристигне премиерот изби пожар во трансформаторска станица што е дел од новоизградената соларна електрана на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“.

Засега причините за пожарот не се познати, и истиот е изгаснат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шерона Бишоп: Слободата во Америка ни е…

Говор на Шерона БИШОП, американска мајка, на…

Црвена младина го реставрираше спомен обележјето на…

Активисти на Црвена Младина од Скопје денес…

Агим Красниќи и уште тројца други македонски…

Во Урошевац, соседно Косово денеска се уапсени…

Порошенко со реакција, откако Русите распишаа потерница…

Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко ѝ…

Властите на Берлин донеса одлука: Ја подаруваат…

Властите во Берлин се нудат да ја…