Објавено на:

(Фото) Грчки комунисти блокираа воз со оружје на НАТО

t

Грчкото општество е длабоко поделено кога станува збор за конфликтот помеѓу Русија и Украина.

Токму ова го покажуваат и најновите вести од нашиот јужен сосед, фотографија на која се гледа како членови на комунистичката партија блокираа воз на кој се превезуваше оружје на НАТО за потребите на Украина.

Погледнете:

Пред неколку дена Грчките левичарски активисти ги нападнаа конвоите на НАТО и американските сили.

Нападите беа насочени кон оклопни возила испратени во Полска со воз.

Во пристаништето во Александрополис во последните денови истоварени биле американски оклопни возила, а оттаму со железница се транспортираат во Полска.

Комунистичката партија на Грција побара железницата да одбие да опслужува возови кои превезуваат американска и НАТО опрема.

Слобода или смрт велеа вашите револуционери, истото го велиме и ние сега, бидејќи се соочуваме со желба да се уништи Украина, порача претседателот на Украина Володимир Зеленски за време на неговиот говор, преку видеоконференција, во грчкиот Парламент и паралелно истакна дека на Украина и треба помош, потребно ѝ е оружје, но и бродовите и танкерите од руски интерес да немаат пристап до европските пристаништа.

На седницата свикана за говорот на Зеленски присутни беа грчкиот премиер, претседателката на Грција, амбасадорот на Украина и пратениците на Нова демократија, СИРИЗА и Движење за промена, додека пак Комунистичката партија и десничарската Грчко решение отсуствуваа и го бојкотираа настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Хејли“: НАТО нема магично решение за победа…

Северноатлантската алијанса може отворено да влезе во…

„Гласен Текстилец“ за една година даде бесплатна…

Бесплатна правна помош за 5369 работници даде…

Македонија е држава која во Србија секогаш…

Мандатарот на новата српска влада Милош Вучевиќ…

Скопјанец починал додека работел во куќарка за…

Денеска (01.05.2024) во 06.10 часот во СВР…

Реки по улиците: Хаос и поплави во…

Турскиот главен град Анкара синоќа беше погоден…