Пентагон: Руската војска не ни одговара на повиците, не сме се слушнале од февруари
Американските воени лидери немаат комуникација со нивните колеги во Москва од почетокот на руската воена операција во Украина, повтори американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на сослушувањето на Комитетот за вооружени служби на Сенатот во четвртокот.
-Генералот Марк Мили, шеф на Здружениот Генералштаб, и јас самиот често контактирав со нашите колеги во Русија за да се обидеме да обезбедиме одржување на дијалогот. Последен пат се слушнавме во средината на февруари“, им рече Остин на сенаторите.
„Нашите обиди не се успешни бидејќи Русите не ни одговорараат на повиците“, додаде тој.
Додека шефот на Пентагон рече дека е „разочаран“ од ова, тој додаде: „Тоа не значи дека ќе престанеме да ги контактираме. Мислам дека треба да имаме способност да разговараме со раководството на руската армија“.
Остин беше повикан во Сенатот да одговори на прашањата за буџетот на Пентагон за 2023 година, најголемиот во историјата на САД.
На брифингот за новинарите на 30 март, портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, призна дека „немало директна комуникација“ со руската војска, но изрази „подготвеност да ги има тие дискусии“, откако новинарот праша дали Вашингтон бил „во контакт“ со военото раководство на Русија.
„Но, тоа е двонасочна улица. Русите треба да бидат подготвени да кренат телефон и досега не беа подготвени да го направат тоа“, додаде Кирби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…