(Вознемирувачко фото) Најмалку 30 убиени и над 100 повредени во ракетен напад во Краматорск
Над 30 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во денешниот ракетен напад врз железничка станица во Краматорск во источна Украина , изјави шефот на националната железничка компанија.
– Повеќе од 30 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во ракетниот напад врз железничката станица Краматорск. Ова е намерен напад врз инфраструктура на железницата и жителите на Краматорск“, напиша Александар Камишин на социјалните мрежи.
Украинското Министерство за одбрана, потврдувајќи ги бројките на загинатите и повредените, соопшти дека ракетните напади биле изведени додека се одвивала евакуацијата на локалните жители.
Русите извршија два ракетни удари на железничката станица во Краматорск, каде што се одвиваше евакуација на цивили. Но, руските воени злосторници не само што намерно гаѓаа илјадници луѓе; тие користеа касетна муниција“, напиша украинското МО на Твитер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…