(Видео) Голем инфраструктурен потфат на Арсовска: Град Скопје со 50.5 милиони денари ќе ја реконструира ул. Славка Динкова во Кисела Вода

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска извршија увид во состојбата на улицата Славка Динкова во населба Драчево, општина Кисела Вода, за што Градот Скопје издвои 50.5 милиони денари за реконструкција на улицата и поставување на нова атмосферска канализација.

„На барање на жителите на Драчево по 30 години за првпат ги решаваме истакнатите значајни проблеми со атмосферската канализација и постојното сообраќајно решение на ул. Славка Динкова. Ги слушаме нивните барања и посветено работиме на обезбедување на ефикасни и безбедни решенија кои пред се нудат квалитетни услови за живот. Токму затоа и еден од приоритетните проекти кои беа ветени веќе започнуваме да ги реализираме. Реконструкцијата на оваа асфалтна површина опфаќа и нова атмосферска канализација во должина од 1175 метри“, изјави градоначалничката Арсовска.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски истакна дека Град Скопје и Кисела Вода за првпат работат на решение со кое значително ќе се олесни функционирањето и движењето на повеќе од 30.000 граѓани кои секојдневни транзитираат по улицата Славка Динкова, додавајќи дека во исто време работат и на исполнување на едно од изборните ветувања за поставување на нова атмосферска канализација на овој потег како дел од овој проект.

„Како прва фаза во реализацијата на овој проект е изградба на атмосферска канализација на улицата Славка Динкова, со понатамошни градежни активности кои вклучуваат реконструкција на улицата, изградба на нови тротоари и поставување на нови лед штедливи светилки, кои значително ќе ги намалат трошоците во време на економска и енергетска криза“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Велика Сабота

Во светата и Велика Сабота го празнува…

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…