Касами го поздрави предметот за Зеќири: Тврди има и предмети за други функционери, но се во фиока

t

Лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами денеска, по новинарско прашање околку покренувањето на истрага против генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири, истакна дека му е драго што Обвинителството презело конкретни чекори.

Тој додава дека истото треба да се случи и со другите функционери, како што рече, од другите владејачки партии чии предмети се во фиоките.

-Посакувам органите на правдата да си ја вршат работата онака како што бараат граѓаните. Ме радува што во овој случај Обвинителството презеде конкретни чекори. Би сакал и другите функционери на други партии, делови од власта, обвинителството и органите да имаат иста мерка и ист пристап, како што имаме во многу други случаи, рече Касами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски ја поздрави одлуката на САД за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес ја…

Секој 10-ти Црногорец давал мито во последната…

Секој 10-ти граѓанин (10,4 проценти) лично извршил…

Крај на една ера – Официјално се…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска официјално…

Агелер: Веќе три децении заедно му покажуваме…

Вечерва на свеченото одбележување годишнината од американската…