Објавено на:

Пронајдена дрога при контроли во угостителски објекти во Скопје- 7 лица приведени

t

Во периодот од 23.00 часот на 08.04.2022 до 03.30 часот на 09.04.2022 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица и патнички возила. Притоа, кај 7 лица од Скопје биле пронајдени марихуана и кокаин.

Кај В.З.(34) била пронајдена бела прашкаста материја, кај Б.Ј.(28) била пронајдена бела прашкаста материја, кај М.З.(37) била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана, кај А.Б.(25) била пронајдена марихуана, кај Н.Ќ.(23) марихуана, кај М.П.(42) кокаин и кај Т.Д.(20) била пронајдена марихуана.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…