Штипските училишта празни, градинките ги згрижуваат децата
Празни се училниците во штипските основни и средни училишта, каде што штрајкот на наставниците се одвива во две смени. Претседателот на регионалниот одбор на СОНК-Штип, Марјан Костадиновски, вели дека штрајкуваат над 90 проценти од вработените во основните и средните училишта.
-Мал е бројот на наставници кои не го поддржуваат штрајкот. Во училиштата имаме по еден или двајца наставници кои не се приклучија на штрајкот. Информација имам добиено од Карбинци, каде што 18 отсто од наставниците се во извршување на работните задачи, останатите наставници во основното и средно образование во Штип и Карбинци ја почитуваат одлуката со целосна поддршка на генералниот штрајк, рече Костадиновски.
Прашан дали има притисоци од директорите на училиштата и градинките во двете општини, Костадиновски одговори дека досега нема пристигнато поплаки од страна на вработените кои штрајкуваат.
Во градинките „Вера Циривирии Трена“ и „Астибо“ децата се згрижуваат, во објектите на градинката „Вера Циривири-Трена“ околу 60 отсто од вработените штрајкуваат, а децата се згрижуваат со внатрешна реорганизација.
Директорката на градинката „Астибо“ Билјана Трајчевска изјави дека петте објекти во кои згрижуваат деца се отворени и дека се згрижени децата кои се донесени од родителите, обезбедено им е храна и греење.
-Во нашата установа се вработени 141 лице, од коишто официјално добивме информација дека 26 се во активен штрајк, рече Трајчевска.
Посочи дека заменски воспитувачи и негуватели не побарале бидејќи процесот непречено се одвива во градинките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…