Објавено на:

Јапонија отажа околу 40 милиони дози вакцини АстраЗенека 

t

Јапонија го откажа купувањето на околу 40 милиони дози на вакцината АстраЗенека против Ковид-19, што лани се согласи да ги купи, соопшти денеска претставникот на јапонското Министерство за здравство во парламентот на земјата.

-Владата ја искористи понудената можност во договорот да го откаже делот за набавка, доколку смета дека е непотребна, рече претставник на министерството, одговарајќи на прашање на пратеник, пренесуваат британските медиуми.

Јапонија првично се согласи да купи 120 милиони дози, а повеќето од нив се произведени дома, од Даичи Санкио и други локални партнери.

Околу 200.000 дози АстраЗенека се доставени до локалните власти во Јапонија, додека 63 милиони дози се донирани во странство, додаде официјалниот претставник.

Досега Јапонија главно се потпираше на РНК вакцините развиени од Фајзњер и Модерна, потсетува британската агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…