Медицински персонал и полицаец нападнати во штипска Клиничка болница

t

Педесет и петгодишен жител на Пробиштип агресивно се однесувал кон здравствените работници во Клиничка болница-Штип, а физички нападнал и полицаец. Надлежните од СВР-Штип информираат дека настанот се случил синоќа.

– Полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода 55 годишниот З.К. од Пробиштип бидејќи околу 23.00 часот во Клиничка болница Штип агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија. З.К. бил задржан во Полициска станица, вели во соопштението на СВР-Штип.

По целосно документирање на случајот против 55 годишниот З.К ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…

(Видео) Орбан со чудна порака по повод…

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан…

„Престанете со копање по минатото“ им порача…

И на вечерашниот митинг во Кочани, СДСМ…

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да…

Коалицијата за застапување на правата на лицата…

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе…

"На 8 мај само вие, со моќта…