Oва е новиот генсек на Владата – знае да работи со Виндоус и по малку разбира Албански
На денешната седница Владата прво го разреши Зеќири од генерален секретар на Владата, а потоа и Димовски од член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето.
По ова Димовски е именуван за генерален секретар на Владата.
Методија Димовски е назначен за нов генерален секретар на Владата, дознава „360 степени“. Димовски е назначен на денешната седница на Владата, по оставката на досегашниот Мухамед Зеќири минатата недела, откако Јавното Обвинителство за организиран криминал донесе наредба за спроведување истражна постапка против него за злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст. 5 в.в. ст. 3 в.в. ст. 1 од КЗ на РМ, за што му помогнале други двајца осомничени хрватски државјани.
Методија Димовски е роден е на 16.7.1966 година во Скопје. Магистрирал во 1994 година, на Универзитетот во Белград, Србија, во областа на географските науки (физичка географија).
Покрај мајчиниот македонски јазик, активно го користи англискиот јазик (CEFR ниво – Ц2), како и јазиците од поранешна Југославија. Поседува и основни познавања од францускиот и албанскиот јазик.
Целосно е компјутерски писмен, вклучувајќи користење на Windows™, MS Office™ (Microsoft Office Specialist for Word 2013) и други специјализирани програми.
Во повеќе од две – децениската професионална кариера, работел на повеќе работни и раководни места во јавната администрација на Република Македонија, во меѓународни организации и како независен консултант.
Присуствувал на бројни меѓународни и домашни конференции, конгреси, семинари и работилници во Европа, Северна Америка, Азија и Африка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Санчез му порача на Израел: Шпанија не…
Шпанскиот премиер Педро Санчез ја повтори својата…
Филипче до Мицкоски: Ветивте промени во Преговарачката…
На денешната седница на пратенички прашања, претседателот…
Владата ја продава иднината под превезот на…
Најавата од министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска,…
Брисел уште еднаш потврди: Изразивме загриженост за…
Европската комисија контактирала со Министерството за образование…
Жељазков: Европскиот совет строго ќе се придржува…
На почетокот на Европскиот совет, имав средба…