Ердоган за руско-украинскиот конфликт: Сериозно сме загрижени
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по седницата на турската Влада изрази уверување дека само официјална Анкара може да помогне да се постигне напредок во тековните преговори меѓу Русија и Украина.
Турција денес е единствената земја која може да ги држи двете страни во директен контакт и да обезбеди постигнување одреден напредок со зближување на спротивставените страни – изјави Ердоган по седницата на турската Влада.
Според Ердоган, Турција „длабоко ги чувствува последиците од руско-украинската криза, особено во однос на цените на храната и енергијата“.
Не можеме да го спречиме експоненцијалното поскапување на нафтата и природниот гас. Сериозно сме загрижени поради зголемените цени на суровините и материјалите што се користат во прехранбената индустрија – истакна Ердоган.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека официјален Киев, отстапувајќи од договорите постигнати за време на истанбулската рунда преговори, повторно го довел во застој преговарачкиот процес со Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…
Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…
Црногорската влада воведе санкции против Белорусија
Владата на Црна Гора денес одлучи да…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Бочварски: Не се знае до кога ќе…
Благој Бочварски од СДСМ во гостување на…
Арсовска: Висар Ганиу не може да уништи…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави фотографии…