Кадиров: Украинските војници масовно се предаваат, тоа е вистинскиот избор за да си одат дома

t

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека повеќе од илјада украински војници се предале во Мариупол, а меѓу нив имало стотици кои биле ранети.

Според зборовите на Кадиров, тие го направиле вистинскиот избор.

Украинските групи се распаѓаат една по друга, не знаат што да прават со ранетите, не разбираат каде да одат и што понатаму, бидејќи отпорот е бескорисен – вели Кадиров.

Тој додаде дека во состојба за борба се само мал број поединечни групи, кои „поради некоја причина се плашат да излезат со бело знаме кон руските војници“.

Кадиров додава дека сега во индустрискиот комплекс „Азовстал“ има околу двесте ранети на кои им е неопходно да им биде укажана лекарска помош и порача дека подобро е да го прекинат конфликтот и да се вратат дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија е држава која во Србија секогаш…

Мандатарот на новата српска влада Милош Вучевиќ…

Скопјанец починал додека работел во куќарка за…

Денеска (01.05.2024) во 06.10 часот во СВР…

Реки по улиците: Хаос и поплави во…

Турскиот главен град Анкара синоќа беше погоден…

Внимавајте, се вршат измами за случени сообраќајни…

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на…

Голем број монети се фалсификат – Народна…

Народна банка на Македонија посочува на разликите…