Битиќи смирува: Масло за јадење ќе има за сите

t

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека домашните компании кои произведуваат масло за јадење имаат залихи за месец до месец и половина, но оти со дополнителните количини и мерката за отстранување на увозните давачки за сончогледовото масло за јадење ќе има доволни количини за да се преброди кризниот период додека не се најдат алтернативни извори на суровини.

– Секојдневно преземаме мерки. Комуницираме со компаниите кои го рафинираат и произведуваат маслото за јадење во нашата држава. Нивните залихи се доволно за месец до месец и половина и сметаме дека со дополнителните количини и вчерашната мерка ќе имаме доволно за да го пребродиме целиот овој период што претстои додека се најдат алтернативни извори на суровини кои заради кризата во Украина и Русија ги снема. Сметам дека се што е во наш домен да осигураме дека ќе го има производот, го правиме – изјави Битиќи.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на компанијата „Костел“ во Охрид, вицепремиерот рече дека не очекува значително големи ценовни шокови во однос на цената на маслото за јадење, но оти се можни мали нијанси.

– Моите очекувања се дека не би требало да претрпат значително големи шокови. Мали нијанси на зголемување може да се очекуваат затоа што сепак тоа се производи кои не се произведуваат кај нас и доаѓаат со одредена цена однадвор. Таму малку можеме да придонесеме како Влада – рече Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…