Македонија добива нов британски амбасадор

t

Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Република Македонија.

Тој ќе стапи на должност на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, чиј мандат истекува во јули годинава.

Лосон во Скопје доаѓа по амбасадорската функција во Душанбе, Таџикистан. Во неговата биографија се наведува дека ја вршел и функцијата заменик-шеф на британската мисија во Босна и Херцеговина од 2015 до 2018 година, а имал дипломатска служба и во Канада од 2013 до 2015 година.

Новиот британски амбасадор работел и како шеф на Одделот за Јужна Азија и Авганистан при Министерството за надворешни работи и Комонвелт од 2009-2011.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински разузнавач: На крајот ќе мора да…

Украина ќе мора да стапи во преговори…

ДЕНЕСКА Е НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА: Велики…

Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие…

Британски медиуми: Терористи се закануваат дека ќе…

Според израелските новинари по тајната посета на…

Ердоган: Запрепастени сме од лицемерната политика на…

За западните демократии е срамно и скандалозно…

На скопјанка и’ го украле автомобилот кај…

-На 30.04.2024, во 17:20часот, во Полициското одделение…