Ангелов: Очекуваме пожари и летово, на располагање годинава ќе имаме и хеликоптер на МВР
Оваа година, најави Ангелов, за првпат ќе имаме хеликоптер на МВР којшто веќе ја има потребната опрема за гаснење пожари и во тек е обуката на летечкиот персонал.
Со оглед што и ова лето нема многу врнежи очекуваме повторно да има пожари, се надевам не во обем како минатата година, но градоначалниците треба да бидат подготвени самите да се справат, барем со почетниот удар кога ќе се појави пожар, веднаш потоа да бараат поддршка од соседните општини, а понатаму доколку тоа не е доволно ќе бараат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), рече денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање.
Нормално, како што потенцира, на располагање ќе ни стојат и неколку хеликоптери на Министерството за одбрана, односно на Армијата. Оваа година, најави Ангелов, за првпат ќе имаме хеликоптер на МВР којшто веќе ја има потребната опрема за гаснење пожари и во тек е обуката на летечкиот персонал.
– На тој начин ќе имаме едно летало плус. Јас сум оптимист, според кажувањето на директорот на ДЗС Беким Максути дека и трите авиони за ова лето ќе бидат ставени во функција, посочи Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…
Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…
Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…
Црногорската влада воведе санкции против Белорусија
Владата на Црна Гора денес одлучи да…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Бочварски: Не се знае до кога ќе…
Благој Бочварски од СДСМ во гостување на…