Петков демантира: Не сум потпишал никаков документ за Македонија

t

Не сум потпишал документ од бугарска страна за Македонија, бидејќи секогаш сме се придржувале до коалицискиот договор и до постојната рамковна позиција, порача бугарскиот премиер Кирил Петков пред најавената утрешна посета на Битола.

– Ќе ја покажам силната задача на бугарската влада да ја поддржи бугарската заедница во Македонија. Верувам дека во моментов и владата на РСМ е свесна за тоа каков голем приоритет е сето ова. Заеднички работиме на покревање на приоритетот на овие луѓе во македонското општество – нагласи Петков.

Според него, фактот што утре ќе бидат толку многу луѓе од толку различни партии во Македонија покажува поддршка за бугарската заедница.

– Во исто време се надевам дека она што сите го кажавме, дека РСМ треба да биде дел од Европа, дека и од двете страни ќе се движиме позитивно во таа насока – рече Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев демантира дека наредил бојкот: „Демон-христијани“ –…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ги демантира…

Благ пораст на цените на храната на…

Цените на храната благо пораснаа во април,…

Вечерва: „Тешки муабети“ со Димитар Апасиев

Не пропуштајте ги денешните „Тешки муабети“ заедно…

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар…