34-ТИ ВЕЛИГДЕНСКИ СРЕДБИ во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“
По повод големиот Христијански празник ВЕЛИГДЕН , на 24.04.2022 година, во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе се одржат традиционалните 34-ти велигденски средби.
Велигденските средби традиционално секоја година на Велигден ги организира Црковниот одбор на православниот храм, под покровителство на Општина Аеродром.
Средбата ќе почне во 10:30 часот, веднаш по завршувањето на Велигденската литургија во црквата.
На манифестацијата со богата културно-уметничка програма ќе настапат голем број естрадни ѕвезди, а според досегашното искуство, се очекува присуство и на голем број граѓани.
Оваа година на Велигденските средби
Настапуваат:
Група Фортуна
Влатко Миладиновски
Стојне Николова
Даниела Темелковска
Влатко Лозаноски
Орде Неделковски
Благица Павловсла
Сузана Спасовска
ВИС Аманет
КУД Никола Ј. Вапцаров
и други реномирани уметници од македонската естрада
Црковниот одбор ги повикува православните верници да се приклучат во прославувањето на овој голем христијански празник и да ја посетат црквата „Св. Петар и Павле“, чии порти се отворени за сите граѓани.
Покровител на манифестацијата е Општина Аеродром, а генерален спонзор годинава се рестораните Рагса 919 , Рагуса360 – Rooftop , Ресторан Парк , Киндер Парк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Првиот мировен самит за Украина е…
Првиот мировен самит за Украина, кој ќе…
Британскиот МНР Камерон: Украина има право да…
Според британскиот министер за надворешни работи Дејвид…
Избрана новата Влада на Србија
Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…
Пендаровски: Силјановска си закажала дебата сама со…
После јавната бламажа на трите досегашни ТВ…
Земјотрес во Бугарија
Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…