Руската амбасада до македонското МНР: Ќе превземеме чувствителни мерки за протерувањето
Руската амбасада во Скопје излезе со коментар во врска со прогласување на шестмина дипломати за непожелни од страна на Министерството за надворешни работи, кое им даде рок од пет дена да си заминат од земјата.
Од таму велат дека се уште не е превземен контра одговор за првото протерување на петтемина руски дипломати од 28 март, но дека ќе бидат, како што велат, превземени „чувствителни мерки“.
„Без да се најави реакцијата на руската страна на овој непријателски чекор, истакнуваме дека неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Македонија.
Посебно сакаме да нагласиме дека обвинувањата се целосно неосновани. Руските дипломати никогаш не се мешаа во внатрешните работи на Македонија и не извршуваа дејствија што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Убедени сме дека таквата практика е спротивна на стремеж на народите на нашите земји за конструктивна соработка, нема перспектива и води кон конечно деградирање на билатералните односи.
Се разбира, руската страна ќе преземе мерки, не нужно симетрични, но чувствителни, како одговор на овој чекор, како и на прогласувањето на петмина дипломати на Амбасадата „ personae non grataе “ на 28 март годинава“, гласи реакцијата на руската страна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…