Народна банка ја затега монетарната политика: Инфлацијата чекори кон двоцифрен резултат
Народна банка започна со затегнување на монетарната политика како превентивен одговор на сѐ повисоките инфлациски очекувања. Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата продолжи да се забрзува и во март 2022 година достигна годишна стапка од 8,8 отсто и поради тоа НБРСМ ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени. Но што ќе значи оваа мерка за државата, но и за граѓаните, дали ќе има и други мерки насочени кон зајакнување на монетарната политика, со оглед на тоа што постојано растат цените и на енергијата и на прехранбените производи.
– При донесувањето на ваквата одлука, во центарот на вниманието беа најновите движења кај инфлацијата и инфлациските очекувања. Поради тоа одлучивме да се зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени, пред сѐ како превентивен одговор на растечките инфлациски очекувања, во услови на задржани оцени за отсуство на поизразени притисоци од домашната побарувачка и присутни надолни ризици за неа во следниот период – истакнаа од Народната банка.
Оттаму велат дека главните фактори на поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, односно цените на енергијата и на прехранбените производи, поради растечките увозни цени. На нив отпаѓаат повеќе од три четвртини од растот.
– Сепак, имајќи предвид дека тие се влезен инпут кај повеќе други производи и услуги, а застојот кај синџирите за производство ги поскапува и другите увозни производи, најновите податоци покажуваат дека растот на цените станува пошироко распространет. Ова заедно со подолготрајниот ценовен притисок од првично очекуваните придонесува и за нагорни поместувања на инфлациските очекувања – додаваат од НБРСМ.
Народната банка соопшти дека ќе продолжи со реоценување на поставеноста на монетарната политика на редовна основа, имајќи ги предвид најновите информации од надворешното опкружување и домашната економија.
Според Ангел Димитров, претседател на собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија, Народната банка нормално реагирала на зголемената инфлација и смета дека ова е најлесната „терапија“ за ублажување на инфлацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија ќе ја добие втората жена премиер…
Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица…
ТРАГЕДИЈА: Познат српски спортист се удави за…
Познатиот српски кросфит спортист Лазар Ѓукиќ се…
Трамп и Харис ќе одржат дебата на…
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговата…
Турист почина по каснување од пајак во…
Маж кој бил каснат од отровен пајак…
Кривична пријава за предизвикување на шумски пожар!
Денеска (09.08.2024) Надворешната канцеларија за криминалистички работи…