Дојдоа во Македонија за да уценуваат, Јотова и Генчовска открија кој е условот за наше членство во ЕУ

t

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, при посетата на Битола денеска кажа дека Македонија треба час поскоро да биде дел од Европската Унија, но дека тоа ќе се случи само ако се решат правата на Бугарите во Македонија.

„За Македонија да биде членка на ЕУ тоа се правата на Бугарите во Македонија. Права кои треба да се исполнат, за Македонија да биде дел од ЕУ. Тоа е позицијата на Бугарија. Се радувам што сум тука и што сум дел од овој настан“, рече Јотова.

Истото мислење го дели и Теодора Генчовска, министер за надворешни работи на Бугарија.

„Како што беше кажано од премиерот и вицепремиерот, сите цели треба да бидат насочени кон правата на Бугарите на Македонија. Тоа ќе биде нашата основна цел, и се надевам со помошта на Собранието да бидат овозможени“, рече Генчовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…