Ајде на здравје: Србија пуштила за извоз само рафинирано масло во пакување од 1 литар кое доаѓа со нивни бренд

Србија пуштила за извоз само рафинирано масло во пакување од 1 литар кое доаѓа со нивни бренд – македонските цистерни празни излегле, но и влегле во земјава.
Нерфинираното масло кое македонските производители го имаат договорено и го чекаат со недели и натаму го нема.
Иако официјалните информации велат дека конечно нашите фабрики кои преработуваат масло ќе добијат дозвола за увоз на суровините сепак тие и натаму чекаат и немаат увезено ниту капка зејтин – потврдуваат за ТВ24 и од маслодајна Велес и од прилепска Витаминка.
Суровината и натаму се набавува од други земји по повисока цена.
„Ние мораме да купуваме од Укрина, Романија, Бугарија – поскапо е и со тоа очекуваме цената да расте. Ќе биде поскапо но битно е дека имаме залихи за идниот период. “
Сепак одлуката на српската влада со која се крева рампата за извоз на два милиони литри се работи за увоз на готов производ спакуван во шишиња од некој од српските брандови на зејтин од тамошните фабрики. Како што претходно информираше министерот за земјоделие договорената количина е доволна за еден месец. Доколку има потреба ќе се прават нови договори и дополнителен увоз.
Влада минатата недела даде препорака маркетите самите да одлучат колку шишиња зејтин максимално може да продадат на еден купувач.
А ако не се почитува ова, Владата на седница ќе донесе одлука со која ќе ги ограничи количините. Ваквата препорака дојде откако било регистриранои дека некои граѓани купувале цели пакети зејтин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во билтенот на МВР нема податок дека…
Во билтенот на Министерството за внатрешни работи…
ПАДНАА ПОВЕЌЕ ДИЛЕРИ: Серија на апсења во…
На 02.01.2025 во 16.15 часот во Скопје,…
Премиерот на Гренланд: Сакаме независност од Данска
Премиерот на Гренланд, Муте Егеде рече дека…
Арапскиот е мајчин јазик на третина од…
Според најновите податоци на Дирекцијата за образование,…
Истурила киселина врз љубовникот: 59-годишниот маж се…
Вистинска љубовна драма се случила во Неготин…