Објавено на:

Голем хакерски напад во Чешка

t

Кибер-напади се извршени врз официјални веб-страници на аеродроми, железници, државни и општински институции, како и врз компании во Чешката Република.

Весникот „Млада фронта Днес“ објавува информација за нападите повикувајќи се на Националната управа за кибер и информатичка безбедност, според која се работи за т.н. „DdoS“ напади со прекумерен број симултани отворања на страниците, што ги оптоварува серверите и доведува до застои.

Весникот пишува дека поради нападите Чешките железници не можат да продаваат билети преку Интернет.

Националната управа за кибернетичка и информатичка безбедност издала предупредување за зголемена закана од хакерски напади врз локации во Чешка поради ситуацијата во Украина.

Експертите предупредуваат на можни обиди за навлегување во компјутерските мрежи на стратешки важни државни институции и претпријатија, веб-страниците на јавните служби и медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев демантира дека наредил бојкот: „Демон-христијани“ –…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ги демантира…

Благ пораст на цените на храната на…

Цените на храната благо пораснаа во април,…

Вечерва: „Тешки муабети“ со Димитар Апасиев

Не пропуштајте ги денешните „Тешки муабети“ заедно…

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар…