„Блумберг“: Упатени извори стравуваат дека Путин би можел да употреби нуклеарно оружје

t

Мал, но растечки брод на инсајдери од Кремљ, наводно, ја доведуваат во прашање одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина, објави „Блумберг“.

Неколкумина упатени за состојбите во Кремљ, на високи позиции во владата и бизнисот, веруваат дека руската инвазија на Украина била катастрофална грешка што ќе ја врати Русија години наназад, изјавиле наводно десетина извори за „Блумберг“.

Овие луѓе, велат изворите, сметаат дека нема шанси да се смени правецот на политиката во однос на Украина, како што не гледаат шанса да се доведе во прашање позицијата на Путин како семоќен владетел на Русија.

Изворите тврдат дека рускиот претседател сè повеќе се потпира на сè помал круг на тврдокорни советници. Тие тврдат и дека Путин наводно ги отфрлил предупредувањата за катастрофалните економски и политички последици од војната во Украина.

Некои упатени во Кремљ сè повеќе се плашат дека Путин, доколку се соочи со пораз во Украина, би можел да прибегне кон употреба на нуклеарно оружје, наведува „Блумберг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Син на поранешен функционер повикан во полиција…

Денеска бил приведен син на поранешен екс…

Прв потврден случај на африканска чума кај…

Случај на мошне заразната болест африканска чума…

Довербата на Французите во Макрон е на…

Довербата на францускиот народ во претседателот Емануел…

Голема акција на грчката полиција- во Солун…

Службеници на Дирекцијата за борба против организираниот…