Објавено на:

Унгарија: Став за ембаргото на ЕУ за нафта кога ќе ги видиме деталите од планот

t

Унгарија сака да ги види деталите за предлогот на Европската унија за санкции против увозот на руска нафта и гас пред да одлучи дали ќе го блокира предлогот или не, изјави денеска Гергељ Гуљаш, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Би сакале да видиме какви предлози се на маса и дали има алтернатива за замена на ресурсите што доаѓаат од Русија – рече Гуљаш на новинарско прашање дали Унгарија ќе стави вето на санкциите на ЕУ за руската нафта и гас.

Тој додаде дека што се однесува до увозот на гас, таква алтернатива во догледна иднина нема.

Не само унгарската, туку и германската економија би била уништена и ќе западне во длабока рецесија без рускиот гас, така што секоја дебата за тоа или морализирање е бесмислена. Ситуацијата не е многу поповолна ниту кога е во прашање нафтата, но има повеќе алтернативи – изјави Гуљаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…

На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…