Медведев: Европа нема да издржи ни една недела без рускиот гас
Еден од најблиските сојузници на Путин, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјави дека Европа нема да издржи повеќе од една недела доколку воведе ембарго на рускиот гас и нафта.
Тој на Телеграм напиша дека „Европската комисија дозволи плаќање за гас во рубљи со што смета дека европскиот бизнис сепак може да го применува указот на претседателот на Русија“.
– Ги цениме доследноста и принципиелноста на нашите европски партнери, особено ако се земат предвид најновите пода тоци на Меѓународниот монетарен фонд дека Европа без руски гас може да издржи најмногу шест месеци, изјави со потсмев Медведев.
– Но да бидеме сериозни, тоа нема да трае ни една недела, напиша Медведев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Светиот маченик Евсигниј
Беше војник кај царот Максимијан, кај царот…
Секој шести ден Русија стрела балистички проектил…
Русија утрово изврши напад со балистички проектил…
Пожарот над Гари ставен под контрола, нема…
Ставен е под контрола големиот пожар во…
Артилериска стрелба по повод Денот на Армијата
По повод Денот на Армијата – 18…
Денес топло со температури до 37 степени,…
Времето денеска ќе биде сончево со мала…