Kрадец ошурил штипјанец! – Извршил дури 87 успешни трансакции од неговата картичка, се шокирал кога видел колку пари му украл

t

На 22.04.2022, по преземени мерки и активности, СВР Штип расчисти кривично дело по чл.251 ст.2 од Кривичниот законик, за кое постојат основи на сомнение дека го извршил Д.К.(35) од Штип.

Имено, постапувајќи по пријава од Д.К.(29) од Штип, според која во периодот од 15.04 до 21.04.2022 неговата банкарската картичка била злоупотребена, при што со неа биле извршени 87 успешни трансакции во вкупен износ од 356.889 денари на продажни места и банкомати во Штип, по преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Штип Д.К.(35) бил осомничен како сторител на кривичното дело.

Притоа, тој од банкомат во повеќе наврати извадил вкупно 270.000 денари. Од нив 148.000 му се вратени на оштетениот, а во координација со Јавен обвинител против Д.К. ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата…

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше…

Каевски: Ги отфрлам сите обвинувања, убеден сум…

Дарко Каевски се огласи на својот профил…

Инфлацијата во Еврозоната изнесува 2,4% во април

Инфлацијата во еврозоната се задржа на 2,4…

На денешен ден војниците на Црвената Армија…

На денешен ден, 30 април 1945 година,…