(Фoто) Падна дел од фасадата на зградата на Владата

t

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, објави фотографии на неговиот фејсбук профил на кои се гледа дека дел од горниот дел од фасадата на владината зграда паднал во тревникот кај објектот. Најголема штета е видлива кај украсните елементи, на ѕидот на една од кулите.

Неодамна, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за фасадата на зградата на Владата. Од институцијата соопштија дека во истрагата се опфатени четири лица кои ја злоупотребиле својата положба и овластување при реализација на договорот за изведување на градежни и градежно занаетчиски работи за реконструкција на фасадата и осветлување на објектот на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КАСАНДРА ќе глуми водач на нарко клан…

Кораина Торес, позната по улоата на Касандра…

Захарова за изјавата на Камерон дека Украина…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Велигденско послание на г.г. Стефан: Македонскиот народ,…

Велигденско послание од МПЦ-ОА, го пренесуваме во…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Путин одликуваше со орден тројца тинејџери кои…

Рускиот претседател Владимир Путин им додели ордени…