УЖАС НА ВЕЛИГДЕН: Со нож избодени свештеник и калуѓерка во Ница, сторителот сакал да го убие Макрон
Свештеник и калуѓерка се повредени во напад со нож утринава во Ница, објави францускиот весник Фигаро. Напаѓачот е уапсен. Тој спонтано и кажал на полицијата дека сака да го „убие Макрон“ на денот на изборите, но според полициски извор, тој завршил во црква.
Инцидентот се случил во црквата Сен Пјер д’Арен во јужниот дел на градот.
Околу 10:00 часот, непосредно пред богослужбата, во црквата влегол маж и веднаш се обратил кон свештеникот Кшиштоф Руџински (57) од полско потекло. Го прободел околу 20 пати, главно во пределот на градниот кош. Сестрата Мари-Клод (72) била полесно повредена во раката кога интервенирала за да го разоружа напаѓачот.
На двете жртви им била укажана лекарска помош. Нивните животи не се во опасност, според првичните заклучоци на лекарите, објавени од повеќе извори, а подоцна потврдени од министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, кој се огласи на Твитер.
Тој изрази солидарност со парохијаните и им честиташе на полициските сили за брзото апсење на сторителот.
Une agression a eu lieu ce matin dans une église à Nice. Le prêtre est blessé. Pas de pronostic vital engagé. Solidarité avec les paroissiens et merci aux forces de l’ordre qui ont interpellé rapidement l’auteur. Le Préfet est sur place.
— Gérald DARMANIN (@GDarmanin) April 24, 2022
Напаѓачот има биполарно растројство и неодамна бил примен во болница во Ница поради психички проблеми. Тој не е познат на полицијата и разузнавачките служби. Истрагата во моментов ја исклучува верзијата за терористички акт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…