Објавено на:

Русите овозможија хуманитарен коридор од Азовстал: Прекинува огнот во точно 14:00 часот

t

Руските сили заедно со формациите од Доњецк ќе ги прекинат воените дејствија во 14:00 часот по локално време за да им овозможат извлекување на цивилите кои би можеле да бидат во индустрискиот комплекс Азовстал во Мариупол – изјави руското Министерство за одбрана.

Последното упориште на украинскиот отпор во Мариупол е челичарницата Азовстал oткако руските сили во текот на изминатата недела презедоа речиси целосна контрола над стратешки важниот пристаништен град во југоисточниот дел на Украина

Во средата командантот на украинските маринци, Сергиј Волина, изјави дека нема да се предадат, но побара меѓународна помош за 500 ранети војници и стотици жени и деца кои се кријат со нив во челичарницата.

Портпаролот на руската Војска, Игор Конашенков, во петокот изјави дека Москва го известила Киев за наредбата за евакуација на цивилите од фабриката Азовстал во Мариупол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кампањата заврши, денес е изборен молк

Од полноќ стапи во сила молкот во…

Џипинг денеска во Белград – ќе го…

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска доаѓа во…

Приведени две лица поради основи на сомнение…

Денеска (06.05.2024) во 15.20 часот полициски службеници…

Денеска се празнува Светол Вторник

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија…