Петков побара од секој бугарски државјанин да донира по една плата за Украина
Бугарскиот премиер Кирил Петков се обидува да најде начин како Бугарија воено да ѝ помогне на Украина, а при тоа да не биде вклучена неговата влада. Четричлената коалиција е длабоко поделена околу прашањето за воена помош на Киев и тоа може да доведе до распад на владата. Петков тоа прашање им го префрли на бугарските граѓани.
Toj почна со кампања „Една плата за Украина“ и побара од Бугарите да донираат средства додека да се договорот коалициските партнери во владата околу испраќањето воена помош за Украина.
Да ги разбереме вистинските потреби на Украина и информирано како коалиција да се обединиме околу тие потреби зад кои што сите можеме да застанеме. Додека да го постигнеме тој политички консензус, како граѓани на Бугарија кои веруваат дека никој во Европа нема право да нападне сосед и да го убива мирното население, можеме слободно да избереме да ѝ помогнеме финансиски на Украина за купување на муниција. Затоа, почнувам јавна кампања за собирање финансиски ресурси кои што ќе бидат доставени на украинската влада. Го повикувам секој бугарски државјанин кој навистина сака да ѝ помогне на Украина, како мене да донира една плата. Зборовите се лесни, делата се тешки“, напиша Петков во повикот за донации на „Фејсбук“.
Петков рече дека испраќањето воена помош за Украина бара политичко, но и општествено единство бидејќи во јавноста има многу различни ставови на оваа тема. „Додека не го постигнеме овој политички консензус, како граѓани на Бугарија кои веруваат дека никој во Европа нема право да ги напаѓа своите соседи и да убива цивили, ние сме слободни да избереме финансиски да ѝ помогнеме на Украина да купи муниција“, рече тој.
Тој истакна дека Германија, Франција, Италија, Полска, Холандија, Австрија, Грција, Шведска, Белгија, Финска, Данска, Романија, Норвешка, Хрватска, Чешка, Ирска, Литванија, Луксембург, Естонија, Словенија, Словачка, Кипар и Летонија веќе испратиле воена помош за Украина и тоа не доведе до објавување војна од страна на Русија против нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…
Зголемувањето на даноците на имот од страна…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…