Лидeрот на ДНР тврди дека азовците не сакаат да бидат евакуирани во Киев – Зеленски бил предавник
Рускиот новинар Владимир Соловиев, во моментов го интервјуира сепаратистичкиот водач на Доњетската Народна Република Денис Владимирович Пушилин во неговата емисија. Според лидерот на ДНР, војниците и членовите на украинските сили во Азовстал бараат да не да бидат евакуирани во Киев или областите што ги контролира украинската централна влада, туку во Турција, велејќи дека повеќе не и веруваат на администрацијата на Зеленски.
Последното упориште на украинскиот отпор во Мариупол е челичарницата Азовстал откако руските сили во текот на изминатата недела презедоа речиси целосна контрола над стратешки важниот пристаништен град во југоисточниот дел на Украина.
Во средата командантот на украинските маринци, Сергиј Волина, изјави дека нема да се предадат, но побара меѓународна помош за 500 ранети војници и стотици жени и деца кои се кријат со нив во челичарницата.
Портпаролот на руската Војска, Игор Конашенков, во петокот изјави дека Москва го известила Киев за наредбата за евакуација на цивилите од фабриката Азовстал во Мариупол. Вчера во 14 часот по локално време беше понуден од руска страна хуманитарен коридор и можност азовците да се предадат, но сепак акцијата не беше спроведена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…