Врахеи: Екстремно сум разочаран што се уште разговараме за преговори со Македонија

t

Еврокомесарот Оливер Вархеи денес во Софија порача дека е екстремно разочаран што се уште се разговара за прашањето кога Македонија ќе ги почне преговорите со Европската унија кое, како што рече, верувал дека било решено пред две години. Нагласувајќи дека за краток период е по вторпат во Софија, тој порача дека е подготвен да дојде толку колку што ќе биде потребно за да се реши прашањето до јуни.

„Еу нема ни време за губење, ни интерес да се одложува првата меѓувладина конференција со двете земји“, порача најдиректно Вархеи.

Тој притоа ја повика Софија да има повеќе доверба во себе , во моќта на ЕУ и во трансформативната моќ на проширувањето.

„ Сега сум овде во Софија и кога зборуваме за проширувањето, неизбежно е прашањето кога ќе ја имаме меѓувладината конференција, односно кога ќе почнеме да работиме на испорачување на членството“, рече Вархеи. Како аргумент тој посочи на војната во Украина, потсетувајќи дека таква војна Европа веќе видела во Западен Балкан и нема гаранција дека таа нестабилност нема да се повтори.

„Лекцијата од претходните години за Западниот Балкан е дека треба да го забрзаме процесот и, кога велам да забрзаме, не мислам институционално туку реално, на терен, за да се смени животот во регионот“, порача Вархеи.

Најпрво, според него, треба да се одблокира процесот преку новата методологија за проширувањето која, како што рече, била создадена не само заради земјите кандидати туку и заради внатрешните пиотреби на ЕУ бидејќи, како што нагласи, Западниот Балкан е важен за Унијата,, а оваа војна во Украина треба да не потсети зошто.

Додека го зборуваше ова Вархеи доби поддршка од поранешната висока преставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, која исто така учествуваше на форумот, кој не случајно се одржува во Софија.

И покрај таквите пораки, министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска пред средбата со Вархеи порача дека ќе му ја повтори на еврокомесарот истата позиција, дека вклучувањето на Бугарите во уставот на Македонија треба да се случи пред почетокот на преговорите за членство.

Вархеи утрово имаше средба со претседателот Румен Радев, а доцна попладне ќе се сретне и со премиерот Кирил Петков, во време кога Бугарија е заглавена длабоко во две надворешнополитички теми – и Македонија и ставот кон војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…