Објавено на:

Белата куќа е загрижена од продажбата на Твитер

t

Тимот на Бајден и претставниците на Белата куќа се загрижени дека преземањето на Твитер од Маск ќе влијае на претседателските избори во 2024 година. Посебно ги плаши тоа дека милијардерот ќе му дозволи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се врати на Твитер.

„Слободата на говорот е основа на функционална демократија, а Твитер е дигитален градски плоштад каде се дискутираат прашања од витално значење за иднината на човештвото“, рече сопственикот на „Тесла“ во соопштението за печатот со кое го објави купувањето на социјалната мрежа.

Членови од потесниот круг на Бајден и партиските стратези се загрижени дека дезинформациите на Твитер ќе се зголемат под водство на Маск пред претседателските избори во 2024 година.

Поранешниот претседател Барак Обама е еден од сојузниците на Бајден, кои се загрижени дека новиот газда на технолошката компанија ќе го врати Трамп на Твитер.

„Сега Трамп ќе го користи Твитер за да направи многу поголема штета за да ја врати власта во 2022 и 2024 година, додека Илон Маск не даде никакви назнаки дека ќе направи нешто за да го спречи“, рече Мери Ен Марш од Демократската партија.

„Маск е одличен инженер и деловен човек, но јас не би му верувал кога станува збор за милиони луѓе кои се потпираат на Твитер за информации“, истакна еден од соработниците на Бајден.

Одговорната за медиумите на Белата куќа, Џен Псаки, одби да го коментира прашањето на Си-Ен-Би-Си за купувањето на Маск на Твитер. Но, на брифингот вчера, посочи дека Бајден е загрижен за моќта на социјалните медиуми, вклучително и Твитер, во ширењето дезинформации и додаде, оти смета дека социјалните мрежи мораат да се сметаат одговорни за тоа.

Трамп и неговите блиски соработници продолжија лажно да тврдат дека изборите во 2020 година биле украдени, иако официјални лица од двете политички страни забележаа дека гласачите не биле измамени и дека Бајден победил праведно. Твитер трајно му забрани на Трамп да ја користи платформата за ширење лажни информации и за поттикнувањето на немирите на 6 јануари 2021 година во Капитол.

Покрај Трамп, Твитер мораа да го напуштат и неговите блиски луѓе – стратегот Роџер Стоун, адвокатите Лин Вуд и Сидни Пауел и поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин.

Вуд, кој рече дека неговите имоти во Јужна Каролина биле места за состаноци за оние кои сакаат да ги поништат изборите во 2020 година, изјави за Си-Ен-Би-Си дека повторно ќе се приклучи на Твитер доколку Трамп се врати. Но, тој верува дека тоа е малку веројатно да се случи.

Пауел, адвокатка која предизвика бројни заговори околу изборите, вели дека би размислила да се врати на Твитер доколку Маск стане сопственик на платформата.

„Мило ми е што некој е заинтересиран за слободата на говорот и враќањето на Твитер на патот на вистината и слободата“, рече таа.

Маск навести дека ќе има помалку модерирање на содржините на Твитер доколку стане сопственик на компанијата. Тој во понеделникот твитна дека се надева дека и неговите најлоши критичари ќе останат на Твитер бидејќи тоа значи слобода на говорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…

Гордана Силјановска ќе ја почитува „Северна“ и…

Не планирам да ги тргам таблите со…

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…