Koвачевски за првите сто дена: Владата e посветена на создавање услови за подобар живот и европска иднина

t

Одговорно и со целосна посветеност и внимание се фокусирав на формирање и на хармонизирање на новиот тим за да ги подготвиме и спроведеме најсоодветните одговори на сериозните предивизи што не очекуваат, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешната тематска владина седница на која единствена точка е одбележување на постигнувањата на Владата и на министерствата во првите 100 дена од работењето.

Ковачевски ги истакна најзначајните работи направени во овој период и потенцира дека актуелната Влада останува на јасната цел – да обезбеди сигурност и континуитет во создавањето услови за подобар живот, како и европска и просперитетна иднина за граѓаните.

– За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење. Тоа се одликите што ги побарав од сите министри, што прифатија да бидат дел од тимот, кој заеднички се стреми да им служи на интересите на сите граѓани без исклучок, рече Ковачевски.

Новата Влада, потсети премиерот, јасно ги дефинираше приоритетие за работа, креирана е програма, потсети, која е надградена врз основа на изборниот легитимитет добиен на изборите во 2000 година, со тоа што се вградени програмските определби на новиот коалициски партнер Алтернатива. Дополнително, истакна Ковачевски, во програмата на оваа Влада, вклучени се и нови автентични програмски цели, неопходни произлезени од нови предизвици.

Клучен прв приоритет, нагласи премиерот Ковачевски, е справување со енергетската криза, што е пред се европска енергетска криза, а се чувствува и кај нас, а доби дополнително загрижувачки димензии со војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борел: Во Газа се оствари најстрашното сценарио…

Според шефицата на Светската програма за храна…

ХОРОР: Син си ја убил својата мајка,…

Загрепската полиција вчера соопшти за убиство на…

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Најмалку 15 лица починаа како резултат на…

Макрон: Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го охрабри…

Ѓоковиќ 37. роденден ќе го дочека на…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ и…