Пак ќе стигнеме до 90-ка: Ново поскапување на цените на горивата!

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 2,29 отсто.
Во согласност со оваа одлука, која ќе стапи во сила од вечерва на полноќ, цените на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 2 и пол денари за литар, а цената на „евродизелот“ (Д-Е V) се зголемува еден денар за литар.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 1 и пол денар за литар. Цената на мазутот М-1 НС, пак, се зголемува 1,226 ден./кг и сега ќе изнесува 52,825 ден./кг.
Од 27.4.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– „евросупер БС-95“ – 84,00 ден./л
– „евросупер БС-98“ – 86,00 ден./л
– „евродизел БС“ (Д-Е V) – 85,50 ден./л
– екстра-лесно масло 1 (ЕЛ-1) – 84,00 ден./л
Од РКЕ воедно напоменуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива може да ги формираат цените и пониско од највисоките утврдени цени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради тешка пневмонија Урсула фон дер Лајен…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Косово набавува и хеликоптери за КБС
„Генерираме опции за набавка на хеликоптери и…
Александар Камбовски е нов претседател на Судски…
Судијата од битолска Апелација, Александар Камбовски е…
Групата за одбрана на Украина ќе се…
Следниот самит на групата за одбрана на…
Жител на скопско ги натепал сопствените мајка…
Полицијата вчера уапсила 39-годишен жител на скопско,…