Маричиќ-Вархеји: Со Бугарија да се изнајде најдобро, европско решение

t

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска одржа состанок со Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување и соседска политика на ЕУ, на кој разговараа за европската перспектива на земјава и за важноста за деблокирање на евроинтеграциите.

– Бевме и ќе останеме посветени на одржување на позитивни резултати во спроведувањето на реформите, како што е потврдено во последниот извештај на ЕК за земјата, и никој не може да го негира тоа. Веќе е време да се даде нов тек на нашата европска агенда и да ги започнеме преговорите со Европската Унија, рече вицепремиерот Маричиќ.

Еврокомесарот Вархеји ја потврди поддршка на евроинтегративниот процес и изрази очекување дека со Бугарија ќе се изнајде најдоброто решение, во интерес на двете земји.

Вицепремиерот Маричиќ на состанокот укажа и на нашата посветеност на евроинтеграцискиот процес, брифирајќи го еврокомесарот Вархеј за работата и приоритетите на СЕП, како и за потребата од затворање на прашањето со Бугарија и деблокирањето на евроинтеграциите на Македонија.

– Постојаното одлагање на добивање датум за почеток на преговорите, се одразува на домашната политика, го зголемува евроскептицизмот, но и загриженоста за геополитичката стабилност, истакна Маричиќ, додавајќи дека ние сме веќе докажан партнер на ЕУ.

Маричиќ изрази уверување дека со Бугарија ќе се изнајде европско решение, кое ќе биде конкретен резултат и чекор до полноправно членство Македонија во Европската Унија.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на состанокот заеднички е констатирано дека европските интеграции на Македонија и на регионот се единственото трајно решение за обезбедување траен мир и стабилност и на Западен Балкан и на Европа, и дека треба да се направи чекор напред во евроинтеграциите, во интерес на сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…