Рама ќе ја чека Македонија до јуни, потоа …

t

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на заедничката пресконференција со албанскиот премиер Еди Рама, во Тирана, изјави дека е потребно воспоставување стабилност во Западен Балкан а преговорите со Албанија и Македонија да почнат за време на француското претседавање.

– Несомнено, треба да употребиме се што имаме во рака. Не може да има војна во Европа а Европа да не ја употреби сопствената моќ да го стабилизира западен Балкан. Вистина е дека во овој процес ние гледаме воспоставуваме долгорочна стабилност на Балканот. Не можам да дадам време за оние кои чекаат во овој процес за интеграција. Ние треба да донесеме одлука и да одиме напред во работата. Цел е оваа работа да заврши за време на француското претседавање.Мора да почнеме со вистинска интеграција на терен, изјави Вархеји.

Во моментов не се одвојуваме од ѓМакедонија, но доколку не почнат преговорите во јуни ќе побараме одвојување, рече премиерот Рама.
Пред неколку дена во врска со најавите дека Албанија ќе бара раздвојување на европскиот пат на Тирана и Скопје, Османи рече дека изјавата на албанскиот премиер Еди Рама е цитирана неточно, додавајќи дека тој рекол оти ќе ги праша граѓаните, а не дека Албанија одлучила да бара раздвојување од Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…